Product group specialist

  • Skopje, Macedonia, Republic of

Product group specialist

Job description

Задолжен за набавни и продажни активности во секторот Комерција (оддел за Големи Корисници) за група на производи од нашето софтверско портфолио (Microsoft Cloud, McAfee Security, HPE Data Protector и др.). Тоа вклучува комуникација со добавувачи и продажни партнери, навремено, квалитетно и точно пратење на продажни процеси и подготвување на извештаи, а се со цел зголемена успешност во работењето и следењето на реализацијата, и е примарно одговорен и евалуиран за продажбата и продажните резултати.


 Од Вас очекуваме:

 

 

  • Напредно познавање и користење на ИТ технологија и деловни апликации
  • Напредно познавање на англиски јазик за деловна комуникација
  • Комуникативност и одлично развиени презентациски и организациски вештини
  • Проактивност и страст за работа, насоченост кон реализација и остварување на резултати
  • Аналитичност, упорност, истрајност и совесност во работењето
  • Пожелно е познавање на хрватски или српски за деловна комуникација
  • Желба за постојано учење и усовршување
  • Пожелно е Високо образование во областа на информатиката, компјутерските или електротехнички науки
  • Предност ќе биде искуство во продажба на исти или слични производи (пакетски софтвер, софтверски лиценци, лиценци и претплати за решенија во Cloud и сл.)

 

 

Requirements

Ние Ви нудиме:

 

  •  Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот
  • Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати и успех во реализација на плановите и поставените цели)
  • Можност активно да учествувате во успешното работење на водечкиот регионален дистрибутер на ИТ производи и потрошувачка електроника и примена на Вашите знаења и вештини  

 

 

 Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.

 

 

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим на една од клучните функции за успешно работење и се пронајдовте себеси во таа улога, доставете ни ја Вашата биографија на македонски и англиски.