Key Account Manager

  • Sales
  • Skopje, North Macedonia

Key Account Manager

Job description

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето. 


За потребите на Паком Компани во Македонија и развој во работењето, имаме потреба од:

Key Account Manager

(Водител на клучни купувачи)

Работно место во Скопје


Одговорен за продажни активности и комерцијални резултати на Паком продуктно портфолио кон клучни купувачи. Оперативно спроведување на продажни пазарни активности и промоции за вкупното портфолио на производи кон клучните купувачи.


Работни обврски:

  • Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај клучните купувачи.
  • Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај клучните купувачи.
  • Позиционирање на производи во канал клучни купувачи и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови.
  • Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови.
  • Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал.
  • Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со клучни купувачо


Од кандидатите се очекува:

  • Добро познавање на пазарот и клучните купувачи.
  • ВСС
  • Најмалку 3 години работно искуство во продажба.
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини, елоквентност и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата.
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
  • Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.
  • Високо познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки.
  • Проактивност и страст за работа, фокус и дедицираност кон реализација и остварување на резултати.
  • Спремност за редовни состаноци и посета на партнери.
  • Возачка дозвола, Б категорија.


Ви нудиме можност за развој на Вашата кариера и реализација на успешни резултати, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот, компензација која стимулира, како и можност за понатамошно напредување, лично и професионално усовршување. Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.

Не нудиме само работно место, туку можност, со заеднички труд, вложување и резултати да оствариме уште една успешна соработка, исто како и за останатите повеќе од стотина колеги кои се веќе долги години дел од нашата групација.

Requirements

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни ја Вашата биографија на македонски и англиски.