Работници Сектор Логистика
Job description

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
За потребите на Паком Компани во Македонија, имаме потреба од:
Работни места: Работници Сектор Логистика
(работници за магацинско работење и доставувачи на производи)
Работни обврски:
- Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием),
- Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење,
- Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена документација,
- Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа,
- Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин,
- Подготовка на роба и возила за достава,
- За доставувачи следење на потреби за сервисирање на товарен возен парк и возила и нивно одржување,
- За доставувачи превземање на превозна документација,
- За доставувачи возење и достава на роба во Скопје и на територија на С. Македонија,
Вештини и особини кои треба да ги поседувате:
- Средно или високо образование,
- Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето,
- Здрава и силна личност со претходно искуство во логистика и магацинско работење, способна за работа во тим,
- За доставувачи претходно искуство во возење и достава,
- За доставувачи возачка дозвола C категорија ќе се смета за предност,
- За доставувачи познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија,
- Високо ниво на одговорност и концентрација,
- За магацинско работење лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност .
- Основно познавање и работа на компјутер
Ние Ви нудиме:
- Обука и вовед во работата во професионална интернационална компанија,
- Работа во професионален тим со долгогодишно искуство во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и можност за стекнување нови искуства и вештини,
- Редовен работен однос и редовни навремени месечни примања со платени придонеси,
- Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати),
- Исплата на минат труд како додаток на основна плата, како и компензација за секој изработен час прекувремено,
- Работа само во работни денови, слободни денови за викенди и празници,
- Регулирано право на слободни денови и годишен одмор,
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
- Исплата на годишен регрес,
- Работна униформа и опрема, обезбеден службен мобилен телефон и останати алатки,
- Останати бенефиции и ваучери (пример надокнада за новороденче, вработен на годината, ваучери за деца за Нова Година, 10 години јубилеј и останато),
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирмата,
- Организирање и присуство на спортски активности, тим билдинг и останати прослави,
- Можност активно да учествувате во успешното работење на водечки регионален дистрибутер,
- Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување,
Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата желба, способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.
Не нудиме само работно место, туку можност, со заеднички труд, вложување и резултати да оствариме уште една успешна соработка, исто како и за останатите повеќе од стотина колеги кои се веќе долги години дел од нашата групација.
Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни ја Вашата биографија на македонски и англиски.
Requirements