Magacioner i šofer

  • Skopje, Macedonia, Republic of

Magacioner i šofer

..................

ПАКОМ Компани Bработува


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје е дел од М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија и потрошувачка електроника.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

.................

Поради развој и ширење на тимот и Одделот за Логистика, имаме потреба од:

 

Работно место: Магационер и Шофер

 

Работни обврски:

  • Возење и достава на роба во Скопје и на територија на С. Македонија,
  • Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием)
  • Правилно одржување на постоечка роба во магацин
  • Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на водење и издавање службена документација
  • Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика
  • Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба
  • Подготовка на роба и возила за достава
  • Следење на потреби за сервисирање на товарен возен парк и возила и нивно одржување
  • Превземање на превозна документација
  • Искуство во возење и достава
  • Искуство во логистика, и магацинско работење
  • Возачка дозвола C категорија е задолжителна
  • Познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија
  • Добри вештини и координација и ориентација при патување и во простор
  • Високо ниво на одговорност и концентрација
  • Лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Познавање и работа на компјутер
  • Основно познавање на спрско/хрватски и англиски јазик

Вештини и особини кои треба да ги поседувате:

Упорност, истрајност и совесност во работењето

 

Ние Ви нудиме:

  • Редовен работен однос и редовни месечни примања
  • Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати)
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот
  • Можност активно да учествувате во успешното работење на водечкиот регионален дистрибутер на ИТ производи и потрошувачка електроника и примена на Вашите знаења и вештини

Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим и се пронајдовте себеси во таа улога, доставете ни ја Вашата биографија на македонски јазик по електронски пат преку полето Брза апликацијадонски, најдоцна до 22.05.2020 година