Сметководител

  • Skopje, Aerodrom, Macedonia, Republic of

Сметководител

..................

 

 

M SAN Групација е најголема регионална компанија која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, играчки, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлине малопродажба. Во Македонија работиме преку четири фирми: Паком Компани, КИНГ ИЦТ, Цорвус Инфо и eKupi.mk.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

За потребите на целокупното унапредување на групацијата во фирмите во Македонија, имаме потреба од

.................

Сметководител

Работно место во Скопје

Ова работно место, подразбира работен однос во сите правни субјекти на М САН Групација во Македонија и ги опфаќа следните работни обврски:

  • Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции со познавање на работа поврзана со царински магацин
  • Усогласување на салдата (ИОС) со деловните партнери
  • Внес на сите влезни фактури во систем за авторизација на трошоците
  • Активно учество во изработката на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции
  • Книжење и контрола на ДДВ обврските и подготовка на ДДВ пријави

Од кандидатот очекуваме:

  • Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel
  • Практично искуство и работење во напреден информатички систем
  • Поседување на уверение за сметководител
  • Проактивност во работењето и фокус на резултати
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди
  • Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам
  • Адаптабилност и можност за работа во тим

Работен однос на 12 месеци, со можност за негово продолжување.

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим на една од клучните функции за успешно работење, доставете ни ја Вашата биографија на македонски јазик по електронски пат преку полето Брза апликација, најдоцна до 25.03.2020 година.