Сервисер и сервисна логистика

  • Skopje, Macedonia, Republic of

Сервисер и сервисна логистика

..................



Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје е дел од М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија и потрошувачка електроника.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Поради развој и ширење на тимот и Одделот за Сервис, имаме потреба од:

Работно место: Сервисер и сервисна логистика

Работни обврски:

  • Прием на роба во сервис (детален преглед на робата за сервис и отварање сервисни налози)
  • Организација на приемно одделение
  • Комуникација со крајни корисници
  • Издавање на поправени уреди на крајни корисници
  • Активно учество во комплетниот сервисен процес, тимска работа, асистирање при сервисирање на уреди
  • Подготовка на роба за испорака со возила за достава
  • Уредно водење на сервисна евиденција и архива
  • Искуство во сервисен процес
  • Искуство во логистика и магацинско работење
  • Возачка дозвола Б категорија е задолжителна
  • Добри вештини и координација и ориентација во простор
  • Високо ниво на одговорност и концентрација
  • Познавање и работа на компјутер
  • Основно познавање на српско/хрватски и англиски јазик

Вештини и особини кои треба да ги поседувате:

Упорност, истрајност и совесност во работењето

Ние Ви нудиме:

  • Редовен работен однос и редовни месечни примања
  • Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати)
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот
  • Можност активно да учествувате во успешното работење на водечкиот регионален дистрибутер на ИТ производи и потрошувачка електроника и примена на Вашите знаења и вештини

Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.


.................

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим на една од клучните функции за успешно работење, доставете ни ја Вашата биографија на македонски јазик по електронски пат преку полето Брза апликација, најдоцна до 12.11.2020 година.