Работници Сектор Логистика

  • Logistika
  • Skopje, North Macedonia

Работници Сектор Логистика

Job description

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.


За потребите на Паком Компани во Македонија, имаме потреба од:

Работни места: Работници Сектор Логистика

(работници за магацинско работење и доставувачи на производи)


Работни обврски:

  • Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием),
  • Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење,
  • Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена документација,
  • Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа,
  • Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин,
  • Подготовка на роба и возила за достава,
  • За доставувачи следење на потреби за сервисирање на товарен возен парк и возила и нивно одржување,
  • За доставувачи превземање на превозна документација,
  • За доставувачи возење и достава на роба во Скопје и на територија на С. Македонија,

Вештини и особини кои треба да ги поседувате:

  • Средно или високо образование,
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето,
  • Здрава и силна личност со претходно искуство во логистика и магацинско работење, способна за работа во тим,
  • За доставувачи претходно искуство во возење и достава,
  • За доставувачи возачка дозвола C категорија ќе се смета за предност,
  • За доставувачи познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија,
  • Високо ниво на одговорност и концентрација,
  • За магацинско работење лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност .
  • Основно познавање и работа на компјутер

Ние Ви нудиме:

  • Обука и вовед во работата во професионална интернационална компанија,
  • Работа во професионален тим со долгогодишно искуство во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и можност за стекнување нови искуства и вештини,
  • Редовен работен однос и редовни навремени месечни примања со платени придонеси,
  • Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати),
  • Исплата на минат труд како додаток на основна плата, како и компензација за секој изработен час прекувремено,
  • Работа само во работни денови, слободни денови за викенди и празници,
  • Регулирано право на слободни денови и годишен одмор,
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Исплата на годишен регрес,
  • Работна униформа и опрема, обезбеден службен мобилен телефон и останати алатки,
  • Останати бенефиции и ваучери (пример надокнада за новороденче, вработен на годината, ваучери за деца за Нова Година, 10 години јубилеј и останато),
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирмата,
  • Организирање и присуство на спортски активности, тим билдинг и останати прослави,
  • Можност активно да учествувате во успешното работење на водечки регионален дистрибутер,
  • Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување,

Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата желба, способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.

Не нудиме само работно место, туку можност, со заеднички труд, вложување и резултати да оствариме уште една успешна соработка, исто како и за останатите повеќе од стотина колеги кои се веќе долги години дел од нашата групација.


Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни ја Вашата биографија на македонски и англиски.

Requirements

.