Продуктен Специјалист (Vivax product specialist)

  • Vlastiti brandovi
  • Skopje, North Macedonia

Продуктен Специјалист (Vivax product specialist)

Job description


M San Grupa d.o.o., е најголемиот дистрибутер на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника, емобилност и обновлива енергија во регионот. Со фокус и развој на еден од сопствените брендови Vivax, кој е присутен од 2004 година, бренд кој во своето портфолио има повеќе од 250 различни производи поделени во групи, телевизори и аудио уреди, клима уреди, мали кујнски апарати, бела техника и паметни уреди (мобилни, таблети и часовници).

Поради значајниот успех, ширење и развој на брендот во повеќе земји во Европска Унија, го шириме и нашиот тим за Набавка.

Доколку сте спремни за нови деловни предизвици, ве мотивираат остварувања на деловни цели вон нашите граници, со задоволство можете да работите во комерцијална средина, и доколку имате познавање и комуникација на кинески јазик, тогаш ова е вистинска прилика за Вас. Направете го следниот чекор и развој во Вашата кариера и придружете се на најголемиот регионален дистрибутер на работно место:

 

Продуктен Специјалист

(Vivax product specialist)

Работното место е планирано во Хрватска и Кина


Учество во управување и развој на производи во нашето портфолио, координација на процеси во набавниот ланец, оперативно спроведување на сите активности за сегментирана група на производи, примарно одговорен за продажните резултати и оптимизација на производство и лагер.


Работни обврски:

  • Активно учество во сите процеси за нови дистрибуции,
  • Преговарање и договорање на комерцијални услови со добавувачи,
  • Континуирано одржување комуникација со добавувачи со акцент на комуникација на кинески јазик,
  • Активно следење на пазарни трендови и кориснички потреби за новитети,
  • Истражување и анализа на дистрибутивни канали и трендови,
  • Идентификација, креирање и евалуација на стратегии за развој на производи во согласност со пазарни, технолошки и кориснички трендови,
  • Ценовна стратегија и политика за позиционирање на производи,
  • План и стратегија за продажни и промотивни активности на производи,
  • Директна соработка со сектори продажба и маркетинг.


Од кандидатите се очекува:

  • ВСС технолошки или економски смер,
  • Познавање и користење на англиски и кинески јазик во деловна комуникација,
  • Познавање на српски или хрватски јазик ќе се смета за предност,
  • Проактивност, интерес и следење на светски трендови во делот на современа технологија,
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини,
  • Спремност за патувања и работа во странство,
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на деловни активности и самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување,
  • Високо познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки,
  • Проактивност и страст за работа, фокус и дедицираност кон реализација и остварување на резултати,

Requirements

Ви нудиме можност за развој на Вашата кариера и реализација на успешни резултати, во интернационална динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот, компензација која стимулира, како и можност за понатамошно напредување, лично и професионално усовршување. Ќе имате можност да работите со амбициозен тим на стручни лица, во удобна и динамична работна атмосфера со можност за развој на Вашите свежи и иновативни идеи. Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата желба за интернационална кариера, способност, капацитет, интерес за нови животни искуства и напредок.

Не нудиме само работно место, туку можност, со заеднички труд, вложување и резултати да оствариме уште една успешна соработка, исто како и за останатите повеќе од стотина колеги кои се веќе долги години дел од нашата групација.

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни ја Вашата биографија на српски или хрватски и англиски.